top of page
Search

Анализа на негативните ефекти од корупцијата преку одредени макроекономски димензии

  • Writer: Univerzitetsko studentsko sobranie UKIM
    Univerzitetsko studentsko sobranie UKIM
  • Dec 9, 2024
  • 1 min read

Eден од ограничувачките фактори за економски раст и развој, и на македонската економија воопшто, е корупцијата. Во овој текст главната точка ќе биде анализа на каналите преку корупцијата, која влијае негативно и го ограничува растот и развојните процеси воопшто.


Доколку го погледнеме графиконот ќе воочиме дека, без разлика на периодот и варијациите, нивото на корупција во македонското општество постојано е високо.


Корупцијата влијае негативно врз очекувањата на граѓаните и економските чинители, а очекувањата се од исклучителна важност за економијата и од нив зависи нивото на потрошувачка и инвестиции. Преку овој канал, корупцијата влијае врз инвестицискиот циклус. Оваа теза може да се потврди и со конкретни податоци - доколку го земеме нивото на бруто инвестиции во македонската економија ќе забележиме дека е ниско.


Извор: Светска банка
Извор: Светска банка

Имајќи ги предвид овие податоци, за намалување на корупцијата неопходно е да се преземе систематски приод, главно преку дигитализација на институциите и општеството. Дигитализацијата влијае врз подобрување на ефикасноста на институциите и спречување коруптивни ризици.


Ристе Костовски  



 
 
bottom of page